Конти Хидропласт
Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и
ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно
како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.
По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територија
на република македонија, денес нашата компанија е извозно ориентирана, и 95% од нашите производи ги
пласираме на меѓународните пазари.
Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети
со кои сме спремни да одговориме, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати
стандарди.
Нашата моментална производствена програма ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за
водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати
,
цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите
соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм па се до 2000мм.
Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена
на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето
на сите процеси е прилично голема.
Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата
конкуренција е константното ре-инвестирање во
иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.
Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот
и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.